ВЕСТИИМПУЛСТРЕНД

Пиратска верзија од „Одисеја“ се појави на X, прегледана над три милиони пати

Новиот филмски хит на Кристофер Нолан, „Одисеја“ (The Odyssey), стана мета на масовно интернет-пиратерија откако целосна, висококвалитетна верзија од филмот беше неовластено објавена на платформата „X“ на Илон Маск. Нелегално поставената снимка се прошири вирално и собра повеќе од три милиони прегледи пред профилот што ја делеше конечно да биде блокиран и содржината отстранета.

Иако филмот трае речиси три часа, сè уште не е познато како е добиена висококвалитетната пиратска копија од овој летен кино-блокбастер.

Рекордна заработка и покрај пиратеријата

Од филмското студио „Јуниверзал“ (Universal) веднаш реагираа соопштувајќи дека по откривањето на неовластената објава веднаш активирале протоколи за отстранување. Од студиото нагласија дека исклучително сериозно го третираат прекршувањето на авторските права и дека ќе ги искористат сите правни механизми за заштита на својата интелектуална сопственост.

Сепак, се чини дека ова cлевање на филмот не ја наруши неговата одлична кинематографска патека. Од своето премиерно прикажување на почетокот на јули, филмот доби одлични критики и веќе надмина 640 милиони долари заработка на глобално ниво, потврдувајќи го својот статус на еден од најголемите филмски успеси годинава.

Критиките од Маск и одговорот на Нолан

Инцидентот доаѓа во период кога самиот сопственик на платформата „X“, Илон Маск, јавно го критикуваше филмот поради одлуката за актерската екипа – конкретно за изборот на црната глумица Лупита Нионго за улогата на Елена од Троја. Маск дури најави дека преку својот систем за вештачка интелигенција „Grok Imagine“ ќе креира „историски точна“ адаптација на епот на Хомер.

Режисерот Кристофер Нолан, одговарајќи на ваквите коментари, истакна дека дебатите за изборот на актери кои се водат пред луѓето да го видат филмот се секогаш ирелевантни, бидејќи никој од критичарите сè уште не знае што всушност претставува самиот филм.

Редакција Брц

Back to top button