ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕПУБЛИКА

Почесна артилериска стрелба во касарната „Илинден“ по повод Денот на независноста

Единица на Артилерискиот баталјон на Армијата попладнево ќе изврши почесна артилериска стрелба во касарната „Илинден“ во Скопје, во пресрет на утрешното одбележување на државниот празник 8 Септември – Денот на независноста. Од Армијата навремено ги информираат граѓаните на главниот град за претстојните истрели, појаснувајќи дека станува збор за редовни протоколарни активности по повод празникот.

Според официјалната најава, главната почесна стрелба ќе започне во 19:00 часот, при што ќе бидат истрелани десет плотуни од вкупно шест артилериски орудија. Претходно, со почеток во 18:00 часот, армиската единица ќе изврши и пробна артилериска стрелба со истрелување на само еден плотун од шесте орудија.

Back to top button