ВЕСТИИМПУЛСМАГАЗИНТРЕНД
Во тренд

Тејлор Свифт ја изненади Дакота Џонсон во „Saturday Night Live“ [ВИДЕО]

Актерката Дакота Џонсон доби специјално изненадување од музичката ѕвезда Тејлор Свифт за време на нејзиниот воведен монолог како водителка на најновото издание на шоуто „Saturday Night Live“ (SNL), пренесуваат американските медиуми.

Џонсон, ѕвездата на филмот „Верити“, се пошегува дека зад себе има две многу јавни и лоши разделби со одлични музичари и ја нарече Свифт нејзин „буквален терапевт“. Добитничката на Греми возврати дека таа всушност не е нејзин терапевт, туку дека актерката само се појавува во нејзиниот дом со празно шише вино и премногу споделува лични детали, на што пејачката вообичаено одговара: „Проклето, тоа е лудо“.

Ова телевизиско гостување следува откако Свифт неодамна го објави музичкиот спот за нејзиниот нов сингл „Patient Zero“, во кој главните улоги ги толкуваат токму Џонсон и Колин Фарел. Песната е дел од четирите нови нумери објавени во рамките на изданието „The Life of a Showgirl: Encore Edition“. За време на монологот, Џонсон се пошегува дека со излегувањето со музичари прави јавна услуга бидејќи им штеди пари на жените за антидепресиви, споменувајќи го и Кливленд, што е наслов на новата песна на Свифт посветена на нејзиниот сопруг Тревис Келси.

Ова е третпат Џонсон да биде водителка на SNL, по нејзините настапи во февруари 2015 и јануари 2024 година. На почетокот на монологот, таа се осврна и на слабиот успех на нејзиниот претходен филм „Мадам Веб“, шегувајќи се дека сè уште го промовира бидејќи филмот допрва треба да заработи пари на киноблагајните.

А. Ѓ.

Back to top button