АРТВЕСТИ

Почна 41. Интернационална уметничка колонија „Дебрца“ во Белчишта

Во селото Белчишта, општина Дебрца, почна 41. издание на Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“, една од најзначајните ликовни манифестации во регионот.

На годинашното издание, чија тема е „Од камен до код – ехо на земјата, глас на иднината“, учествуваат 10 ликовни уметници од земјата и странство, а почесен гостин е и светски афирмираниот академски уметник Јордан Манасиески, редовен учесник на колонијата од нејзините почетоци. Меѓу учесниците ќе бидат автори од Велика Британија, Словачка, Србија, како и од повеќе македонски градови.

-Во изминативе четири децении, збирката на Галеријата на Интернационалната уметничка колонија „Дебрца”, именувана како „Ѓорѓија Целески”, во чест на основоположникот на колонијата, ја надмина бројката од 700 ликовни дела од врвни уметници од Македонија, почнувајќи од академик Димче Коцо, како и десетици познати ликовни дејци од светот, велат од Здружението „Ликовна колонија – Дебрца“, кое е организатор на манифестацијата.

Back to top button