
Британскиот комичар и актер Расел Бренд денеска се појави пред судот во Лондон на почетокот на неговото судење по обвиненија за силување и сексуален напад. Сослушувањето во Кралскиот суд Саутварк беше одложено за утре по утринскиот избор на поротата, додека обвинителството треба да го отвори случајот подоцна во текот на неделата.
Педесет и едногодишниот актер, кој се брани од слобода, пристигна во судот во придружба на обезбедување и неговата сопруга Лора Галачер. Бренд претходно се изјасни за невин по три точки од обвинението за силување, три точки за сексуален напад и една точка за недоличен напад. Обвиненијата опфаќаат шест жени и се однесуваат на наводни кривични дела сторени во периодот од 1999 до 2009 година, а процесот се очекува да трае до 10 недели.
Според досегашните рочишта, обвинителите го товарат Бренд за силување жена во хотелска соба за време на конференција на Лабуристичката партија, сексуален напад врз телевизиска работничка во тоалет и недоличен напад врз работничка во радиостаница. Бренд стана познат во раните 2000-ти преку неговите стендап настапи, телевизиски емисии и улоги во холивудски филмови. Во последниве години тој се оддалечи од мејнстрим медиумите и се пресели во Флорида, каде што изгради голема онлајн публика преку видеа кои комбинираат велнес, теории на заговор и религозни теми.

