ВЕСТИПОЛИТИКА

Мицкоски се сретна со американскиот државен секретар Рубио во Њујорк: Потврда за стратешкото партнерство

Премиерот Христијан Мицкоски за време на престојот во Њујорк оствари средба со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио. Оценувајќи ги разговорите како особено значајни, Мицкоски истакна дека тие претставуваат силна потврда на важноста на стратешкото партнерство и континуираниот политички дијалог меѓу двете земји.

​Според премиерот, директната комуникација на вакво високо политичко ниво е клучна можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување на позицијата на државата како стабилен и доверлив сојузник на САД.

​„Во период на сериозни геополитички предизвици, силните партнерства и отворениот дијалог со нашите стратешки сојузници имаат уште поголема тежина“, порача Мицкоски по средбата. Тој додаде дека Македонија има јасни државни интереси кои принципиелно и достоинствено ги застапува заедно со стратешките партнери, најавувајќи понатамошно јакнење на македонско-американските односи и создавање нови можности за соработка.

Back to top button