ВЕСТИПОЛИТИКА

Мицкоски во Солинген: Дијаспората е нераскинлив дел од татковината, Македонија стана држава за почит

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, придружуван од членовите на партискиот Извршен комитет Александар Николоски, Тимчо Муцунски и Стефан Андоновски, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на партијата во Солинген, Германија. Во своето поздравно обраќање пред делегатите, Мицкоски порача дека македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината, информираат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Брифирајќи ги иселениците за актуелните состојби во Македонија, премиерот се осврна на позитивните економски параметри, тековните инфраструктурни проекти и владините зафати за справување со последиците од светските енергетски предизвици. Зборувајќи за меѓународната позиција, тој нагласи дека Македонија стана држава за почит која своите ставови ги брани со силни аргументи, јасни пораки и стратегија, иако, како што подвлече, актуелната положба на државата е оптоварена од грешките од минатото кои се „тешки како планини“.

Осврнувајќи се на домашната политичка сцена, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред присутните истакна дека партијата ужива убедливо најголема поддршка кај народот, со предност која е поголема од сите други политички актери земени заедно. На конференцијата во Солинген биле отворени и повеќе прашања во насока на подобрување и засилување на комуникацијата меѓу македонската дијаспора и татковината, како и за конкретните можности за инвестирање и враќање на иселениците во Македонија.

Back to top button