ВЕСТИПОЛИТИКА

СДСМ: Возачот на Јанушев приведен за мито, владата на Мицкоски е организирана криминална група

Опозициската СДСМ денеска обвини дека возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, бил приведен под сомнение дека барал мито, оценувајќи ја актуелната власт како „организирана криминална група“.

Од партијата тврдат дека овој случај покажува оти мито земаат дури и владините возачи. Според наводите во партиското соопштение, доколку полицијата и обвинителството биле слободни и работеле по закон и стандарди, целата Влада би била уапсена. Од СДСМ изразуваат сомнеж кон независноста на институциите, посочувајќи дека иако дел од полицијата си ја врши работата, стравуваат оти приведениот на крајот ќе биде ослободен „со повик на телефон“, правејќи притоа паралела со претходен случај со обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски.

Овој скандал, како што се наведува во реакцијата на опозицијата, отвора прашања и за улогата на самиот генерален секретар во овој случај. Од партијата јавно прашуваат каква била улогата на Јанушев и дали возачот е само негова продолжена рака и посредник во наводното барање мито.

Back to top button