ВЕСТИМАГАЗИНТРЕНД
Во тренд

Сидни Свини го враќа во мода култниот црвен костим за капење од „Чувари на плажата“ [ФОТО]

Холивудската актерка Сидни Свини со својата најнова објава на социјалните мрежи потсети на култниот изглед на Памела Андерсон од серијата „Чувари на плажата“, пренесува магазинот „Спортс Илустрејтед“.

На 30 септември, Свини, која е и основач на брендот „SYRN“, сподели серија фотографии од нејзиниот летен одмор на езеро, кој го поминува со нејзиното момче Скутер Браун. На насловната фотографија, актерката позира на брод во препознатлив црвен едноделен костим за капење, стилизирана со пуштена коса и предимензионирани очила за сонце со винтиџ изглед. Објавата веднаш предизвика реакции кај фановите, кои во коментарите масовно го споредуваа нејзиниот изглед со оној на Андерсон од 90-тите години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sydney Sweeney (@sydney_sweeney)

Од „Спортс Илустрејтед“ посочуваат дека овој класичен модел на костим за капење успешно го издржува тестот на времето повеќе од три децении. Магазинот потсетува дека низ годините, истиот стил бил дел од нивните годишни изданија, носен од познати имиња како Синди Кимберли, Ајлин Гу, Камила Костек, Британи Махоумс и Брукс Нејдер.

Популарноста на црвениот костим за капење се очекува повторно да експлодира следната година. Како што информираат медиумите, телевизиската мрежа „Фокс“ (Fox) подготвува рестартирање на „Чувари на плажата“ чија премиера е закажана за почетокот на следната година. Улоги во новата серија ќе добијат токму моделите на „Спортс Илустрејтед“, Брукс Нејдер и Оливија Дан, кои ќе го претстават култниот црвен костим пред новите генерации.

Back to top button