ВЕСТИМАГАЗИНСВЕТТРЕНД

Силна бура во Италија превртуваше авиони на пистата [ВИДЕО]

Силна бура со удари на ветер до околу 120 километри на час го погоди аеродромот „Луиџи Ридолфи“ во Форли, северна Италија, каде неколку мали авиони беа поместени и превртени на пистата, објави Си-ен-ен. На снимките се гледа како еден од авионите се превртува под силата на ветерот, додека невремето предизвика штети и во поширокиот регион.

Инцидентот се случил на 21 август. Според локалните извештаи, три лесни авиони биле подигнати и поместени од силните удари на ветер, додека уште еден авион бил изместен од курсот при слетување. Поради опасните услови, аеродромот бил привремено затворен околу еден час додека службите вршеле безбедносни проверки.

Нема информации за повредени лица. Пожарникарите интервенирале за да ги обезбедат преостанатите авиони и да спречат дополнителна штета. Невремето уривало дрвја и гранки, оштетувало покриви и предизвикало проблеми во сообраќајот во Форли и други делови на регионот Емилија-Ромања.

Според регионалните служби, пожарникарите добиле повеќе од 150 повици за интервенција, од кои 73 биле само во провинцијата Форли-Чезена.

Back to top button