УХМР предупредува: За викендот попладневно невреме со град и силен ветер
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување за локално невреме кое се очекува претстојниот викенд.
Според најавите, времето претпладне ќе биде сончево и топло, додека во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Од УХМР посочуваат дека поради големата енергија во атмосферата, локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
Слична временска состојба се очекува и во главниот град.
За време на викендот во Скопје претпладне времето ќе биде сончево и топло, но попладне ќе премине во нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Управата предупредува дека во одредени делови од скопската котлина процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.
