Холивудскиот актер Том Холанд, кој моментно се наоѓа во фокусот на светската филмска јавност, даде исклучително искрена изјава во однос на својата досегашна кариера, признавајќи дека дел од филмовите во кои глумел се лоши и дека публиката воопшто не треба да ги гледа.
Гостувајќи во подкастот „Dish“ кај нивните домаќини Ник Гримшо и Анџела Хартнет, Холанд зборуваше за своите искуства со промотивните турнеи и медиумските интервјуа кои ги прави за своите проекти.
„Кога правиш промоција за нешто со што се гордееш, лесно е – не лажеш никогаш“
Актерот објасни дека одговарањето на новинарските прашања е едноставно кога верува во проектот, но дека во минатото се наоѓал во доста непријатни ситуации.
„Кога правиш прес-турнеја за филмови со кои навистина се гордееш, тоа е многу лесно бидејќи кога ве прашуваат зошто луѓето треба да го гледаат филмот, вие не лажете никого. Сум имал искуства претходно кога луѓето прашуваат: ’Зошто треба да го гледаме ова?’, а во заднината на умот си викаш: ’Не треба да го гледате, бидејќи филмот е сра**, изјави искрено Холанд.
Иако не прецизираше точно на кои проекти мисли, публиката и филмските критичари знаат дека Холанд, покрај популарните улоги, глумеше и во проекти со послаб прием, како што се научна-фантастика „Chaos Walking“ или крими-драмата „Cherry“.
Горд на новите остварувања: „Ова е мојот победнички круг“
Холанд истакна дека за разлика од претходните негативни искуства, актуелните промотивни активности за него претставуваат вистинско уживање. Тој во моментот интензивно ги промовира блокбастерот „Одисеја“ (The Odyssey) на Кристофер Нолан, каде го игра Телемах, како и претстојниот филм за нинџа-херојот Спајдермен – „Spider-Man: Brand New Day“.
„Овој пат чувството е како победнички круг, искрено. Навистина уживам во тоа бидејќи сум супер горд на двата филма“, заклучи познатиот актер.
Редакција Брц

