ВЕСТИПОЛИТИКА

ВЛЕН го осуди вандализмот во Арачиново: Стадионот ќе се изгради

ВЛЕН остро го осуди инцидентот во кој беа оштетени и запалени градежни машини на градилиштето на новиот стадион на фудбалскиот клуб „Шкендија“ во Арачиново. Од партијата порачуваат дека овој чин не претставува само материјална штета, туку директен обид да се нападне проектот кој симболизира развој, инвестиции и подобра иднина за општината.

„Со децении граѓаните на Арачиново чекаа ветувањата да се претворат во конкретни дела. Денес, кога тоа се случува, кога машините се на терен и стадионот почнува да ја добива својата форма, некој се обидува развојот да го претвори во страв и пречка“, реагираат од ВЛЕН.

Коалицијата, заедно со Даут Беќири, испрати децидна порака дека инфраструктурните инвестиции нема да бидат запрени преку вандализам, оган или закани. Истовремено, тие упатија апел до локалното население да не дозволи стравот да ги врати назад.

Според партиското соопштение, стадионот не е само обичен градежен проект, туку доказ дека Арачиново заслужува современа инфраструктура и нови можности за младите генерации.

„Со години од граѓаните се бараше да чекаат. Денес веќе не им се бара да чекаат – денес се гради. Токму затоа нема враќање назад. Арачиново избра да оди напред, а стадионот на Шкендија ќе биде изграден“, стои во реакцијата на ВЛЕН.

Back to top button