ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нестабилен четврток и петок: УХМР најавува невреме, силен ветер и град, но топло време

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува значителна промена на временските услови во текот на оваа работна недела. По топлиот бран, следува период на нестабилност проследен со локално невреме, пред времето повторно да се стабилизира за време на викендот.

Нестабилен четврток и петок со услови за невреме

Според прогнозата, во четврток (13.08) и во петок (14.08) во попладневните часови времето ќе биде нестабилно.

Се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има услови за појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време.

Синоптичарите предупредуваат на силен ветер и наместа појава на град.

Температурата ќе опадне за неколку степени. Максималните дневни температури во четврток ќе се движат од 32 до 39 °C, додека во петок ќе се спуштат и ќе изнесуваат од 29 до 36 °C.

Стабилизација и пораст на температурите за викендот

Во деновите од викендот и на почетокот на новата седмица, времето повторно ќе биде стабилно и претежно сончево.

Во сабота (15.08) минималните температури ќе се спуштат од 10 до 19 °C, а максималните ќе достигнат од 30 до 36 °C.

Од недела (16.08) следува постепен пораст на дневната температура која ќе се движи од 31 до 37 °C.

В понеделник (17.08) максимумот ќе продолжи да расте и ќе достигне до 38 °C.

Редакција Брц

Back to top button