ЗНМ го осудува најновиот ботски напад врз Инстаграм профилите на медиумот „Слободен печат“ кој се случил на 13 октомври, оценувајќи ја ваквата активност како директен и координиран притисок врз медиумот, соопшти Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).
Според информациите од редакцијата, нападот се одвива по истиот образец како и во претходните инциденти. Се работи за масовна реакција на објавите од страна на голем број лажни профили, кои се главно од странство, што јасно укажува дека не станува збор за случајна или вообичаена активност на социјалните мрежи.
Ова е петти бран на вакви напади врз „Слободен печат“ за период помал од една година. Првиот инцидент бил регистриран на 6 ноември 2025 година, кога медиумот првпат бил принуден да го заклучи својот профил, по што следувале напади на 25 декември и на 3 јануари. За време на претходните координирани активности на 5 и 7 април оваа година, двата профила на медиумот за само 15 минути добиле околу 10.000 лажни допаѓања, стотици нови следачи и над 10.000 барања за следење.
