
Владата на денешната седница донесе одлука за продолжување на рокот за примена на намалената стапка на Данокот на додадена вредност (ДДВ) за горивата, која ќе остане 10 наместо редовните 18 отсто до 12 октомври 2026 година.
Од Владата соопштуваат дека продолжувањето на оваа антикризна мерка се спроведува со цел да се обезбеди стабилност и да се заштити животниот стандард на граѓаните.
Надлежните институции посочуваат дека продолжуваат внимателно да ги следат состојбите на пазарот и движењата на цените, за да можат навремено да преземат соодветни мерки кои се во интерес на граѓаните и на домашната економија.
