ВЕСТИМАГАЗИНСВЕТ

Маж загина по напад од тигар во зоолошка во Јоркшир

Маж трагично го загуби животот откако скокна во живеалиште на тигри и беше нападнат од животните во зоолошката градина „Јоркшир Вајлдлајф Парк“ (Yorkshire Wildlife Park) во близина на Донкастер, Велика Британија. Инцидентот се случил во саботата малку по 13:30 часот, а и покрај брзата интервенција на итните служби, вклучително и медицински хеликоптер, мажот им подлегнал на тешките повреди на самото место.

Полицијата на Јужен Јоркшир соопшти дека семејството на починатиот е известено и упати остар апел до јавноста да не ги споделува вознемирувачките видеоснимки од нападот кои почнаа да кружат на социјалните мрежи. Надлежните потврдија дека тигарот останал неповреден и обезбеден во своето живеалиште, нагласувајќи дека нема никаква дополнителна опасност за јавноста и останатите посетители.

Од управата на зоолошката градина изјавија дека веднаш биле активирани сите безбедносни протоколи за итни случаи и дека тесно соработуваат со властите за целосно расчистување на случајот. Атракцијата „Земјата на тигрите“ е отворена во 2011 година како специјализиран резерват за амурски тигри, исклучително загрозен подвид од кој во дивината се останати само околу 500 единки

Back to top button