ВЕСТИСВЕТ

Пожар целосно го уништи најстариот покриен пазар за храна во Париз [ВИДЕО]

Пожар целосно го уништи најстариот покриен пазар за храна во Париз, „Marché Couvert des Enfants Rouges“, лоциран во квартот Маре. Француските власти потврдија дека историскиот објект целосно изгорел во текот на ноќта меѓу неделата и понеделникот.

Потполковникот Пјер де Бувие утринава изјави дека од покриениот пазар не останало ништо и оти неговата метална конструкција делумно се урнала. Градоначалникот на централниот париски округ, Ариел Веил, информираше дека пожарот е ставен под контрола и оти е спречено негово ширење на соседните згради.

Пазарот постоел од 1615 година, а името го добил по црвената облека што ја носеле сираците во блиската болница која функционирала до 1772 година. Оваа година, реномираниот магазин „Food & Wine“ го рангираше овој париски пазар на петтото место во светот за улична храна, веднаш зад локации во Лондон, Бангкок, Лион и Мексико Сити.

Back to top button