ВЕСТИХРОНИКА

Контроли на јавниот превоз: 34 неисправни автобуси отстранети од улиците

Вкупно 92 неправилности се констатирани при контрола на 405 автобуси и други возила за јавен превоз на патници која се спроведе низ целата држава. При акциската контрола реализирана вчера во периодот од 8 до 13 часот, 34 возила се исклучени од сообраќај поради утврдени неисправности, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Во рамки на активностите на Секторот за сообраќајни работи, на технички преглед биле упатени 170 возила. Во текот на контролите поднесени се три кривични пријави согласно Кривичниот законик, едно возило е одземено, а констатирани се и дополнителни 239 сообраќајни прекршоци од друг вид.

За сите утврдени прекршоци се преземени соодветни законски мерки. Од полицијата најавуваат дека зајакнатите сообраќајни контроли ќе продолжат со цел обезбедување повисоко ниво на безбедност и сигурност при јавниот превоз на патници.

Back to top button