
Министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова-Чамова, во четврток (8 октомври) ќе остварат билатерална средба во Софија. Средбата е предвидена да се одржи на маргините на меѓународната министерска конференција посветена на Коридорот 8, каде домаќин на форумот ќе биде бугарската министерка Петрова-Чамова.
Според пишувањата на бугарските медиуми, билатералната средба претставува дел од напорите за одржување на тековниот дијалог меѓу двете земји. Премиерот Христијан Мицкоски претходно денеска информираше дека државата веќе испратила дипломатска нота до Софија со официјално барање за билатерална средба, но сè уште не е добиен официјален одговор.
Најавата за средбата на министрите за надворешни работи доаѓа непосредно по посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Скопје, при што таа упати директен повик за одржување на средба на високо ниво меѓу Македонија и Бугарија.
