АРТВЕСТИ

„Светот црта – Велес изложува“: Рекорднен број на дела на Меѓународниот стрип конкурс

Велес уште еднаш го потврдува својот статус како значаен центар на деветтата уметност на меѓународната сцена. Најновото издание на Меѓународниот стрип салон и традиционалната Стрип колонија, во организација на Стрип центарот на Македонија (СЦМ-Велес), започнува со историски успех – масовен одзив и рекорден број на пријавени дела на меѓународниот конкурс „Златен стрип“.

Манифестацијата јасно го истакнува чистиот стрип како култура по себе, кој во себе содржи повеќе социјални пораки и уметнички светови. Овие значајни културни настани се реализираат со финансиска поддршка од Министерството за култура и Општина Велес.

Автори од Македонија до Нигерија

Традиционалниот меѓународен конкурс ги собори сите досегашни рекорди на посетеност и интерес. Според информациите од Томе Трајков од организацискиот тим, ланскиот рекорд од 396 примени стрипови годинава е многукратно надминат, достигнувајќи бројка од 497 пријавени уметници од целиот свет, со што конкурсот го достигнува својот историски врв.

Во пристигнатите трудови доминираат дела од македонски автори од различни генерации, што е потврда за континуитетот и силата на домашната стрип сцена. Истовремено, конкурсот има силен глобален предзнак – масовно учествуваат уметници од балканските држави, но и од подалечни земји како Полска, државите од Азија, па сè до Нигерија.

Централниот настан, свеченото отворање на Меѓународниот стрип салон и прогласувањето на најдобрите трудови, ќе се одржи на 19 август 2026 година (среда). Настанот е закажан со почеток во 20:00 часот, а ќе се одржи во просториите на Европската куќа (Europe House) во Велес.

Back to top button