ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕПУБЛИКА

Уапсен прилепчанец виш јавен обвинител во Битола за местење поблаги казни

Виш јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола е лишен од слобода под сомнение дека примал награда за противзаконско влијание врз други обвинители со цел изрекување поблаги казни за сторители на кривични дела, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против шеесет и едногодишниот П.В. од Прилеп. Според пријавата, постои основано сомнение дека тој во повеќе наврати ја користел својата функција за да влијае при донесувањето на одлуките од страна на други јавни обвинители.

Осомничениот е задржан, а со цел прибирање дополнителни докази и пронаоѓање предмети, извршен е претрес во неговиот дом во Прилеп, како и во службените простории кои ги користел. При претресот се пронајдени и одземени шест мобилни телефонски апарати, едно УСБ и еден персонален компјутер.

Back to top button