ВЕСТИХРОНИКА
Во тренд

Во голема полициска акција уапсени 16 лица, запленети дрога и оружје при 47 претреси

Министерството за внатрешни работи спроведе голема полициска акција низ целата држава. При 47 претреси уапсени се 16 лица и запленети се дрога и оружје.

Шеснаесет лица се лишени од слобода во засилена полициска акција спроведена низ целата држава изминативе два дена, насочена кон сузбивање на недозволената трговија со дрога и нелегалното поседување оружје, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според соопштението од полицијата, Одделот за криминалистичка полиција во координација со сите сектори за внатрешни работи и Единицата за службени кучиња на 16 и 17 октомври извршил вкупно 47 претреси во домови и помошни простории на повеќе локации. Од МВР посочуваат дека при претресите биле пронајдени и одземени поголема количина марихуана, пакувања со кокаин подготвени за понатамошна продажба, пиштоли, пушки, разновидна муниција и парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.

Од Министерството наведуваат дека по спроведената акција се поднесени 11 кривични пријави за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, како и за недозволено држење и тргување со оружје. Од таму додаваат дека институцијата ќе продолжи со интензивните активности за откривање и санкционирање на сите форми на криминал со цел обезбедување поголема сигурност за граѓаните.

Back to top button