АРТВЕСТИ

Изложба „Скопски стрипосестри 2026“ вечерва во галеријата „КО-РА“

Изложбата насловена „Скопски стрипосестри 2026“ ќе биде отворена вечерва (понеделник) со почеток во 19:00 часот во малиот салон на галеријата „КО-РА“ во Скопје. Настанот е во заедничка организација на ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје и Здружението на стрип автори и љубители на стрипот „Стрип центар стрипот може“ од Велес, се наведува во официјалното соопштение на организаторите.

На изложбата со свои авторски дела ќе се претстават три талентирани уметници: визуелната уметница Дона да Видра, мултидисциплинарната уметница Ангела Петрушевска и визуелната уметница Евгенија Трајковска. Тимот кој стои зад реализацијата на овој проект го сочинуваат Томе Трајков во улога на проектен менаџер и промотор, како и Иван Станчевски кој е куратор на изложбата.

Организаторите ги покануваат сите љубители на уметноста и стрипот преку оваа изложба заедно да го прослават креативниот израз и моќта на визуелното раскажување приказни преку деветтата уметност. Воедно, настанот е замислен и како простор каде посетителите ќе можат да разменат мислења за развојот на стрип-уметноста во нашата земја.

Back to top button