ВЕСТИПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Откако Филипче сфати дека не поминува кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, е „бугарски амбасадор“ кој ги застапува туѓите интереси во Македонија, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, реагирајќи на викенд-маршот на опозицијата по повод 11 Октомври.

Од ВМРО-ДПМНЕ го прашуваат Филипче против кого марширал – против фашистичките окупатори или против бугарските администратори, потсетувајќи на тезите од времето на поранешниот премиер Зоран Заев. Според владејачката партија, лицемерие е Филипче секојдневно да инсистира на впишување на Бугарите во Уставот и да го шири наративот на Румен Радев, а за викендот да маршира како партизан.

Манасиевски посочи дека на маршот во Прилеп присуствувале околу 300 луѓе блиски до Заев, оценувајќи го тоа како максимум на Филипче. Според ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните го имаат прочитано лидерот на СДСМ, за што потврда е неговиот рејтинг од 3 проценти на анкетите.

Back to top button