ВЕСТИПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Се докажа дека нема ништо незаконски за прославата, Филипче и СДСМ да се извинат за лагите

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение побара јавно извинување од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, и од опозициската партија, посочувајќи дека по обелоденувањето на сите информации за проектот за прославата на 35-годишнината од независноста, се докажало оти во организацијата нема ништо спорно и незаконски.

​Од Центарот за комуникации на партијата обвинуваат дека по согледувањето на фактите, на површина излегло дека Филипче и СДСМ претставуваат „антимакедонски елемент“ кој е против независноста на државата. Според ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата се срами од помислата да имаме горд и среќен народ, поради што нејзините „контролирани пера“ водат организирана хајка против поединци и уметници.

​Во реакцијата дополнително се критикуваат ставовите на лидерот на СДСМ, кој се обвинува за немоќ, лицемерие и одработување за туѓи интереси. Од владејачката партија истакнуваат дека Филипче во еден дел од денот се бори против српската свест, додека во друг дел застанува во заштита на турбо-фолкот.

​„Затоа човекот сам се препознава во талогот кој ќе биде поразен“, се заклучува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што претставува директно надоврзување на меѓусебните политички препукувања од изминатите денови околу употребата на овој термин.

Back to top button