Започна исплатата на правата од социјална и детска заштита за септември
Денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец септември оваа година. Оваа информација ја соопштија од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Корисниците на парични права кои поседуваат дебитна картичка од денеска можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, како и да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Оние корисници кои не користат картички, своите средства ќе можат да ги подигнат во сите отворени филијали и експозитури на банките.
Во однос на корисниците на правото на родителски додаток, од надлежното министерство известуваат дека подготовката за исплата на ова право е во тек и истата ќе се реализира во следниот период.
