
Речиси една година по објавувањето на Premiere за iPhone, компанијата Adobe конечно ја донесе својата редизајнирана апликација за видео монтажа и за корисниците на Android уреди. Откако неколку недели беше достапна во бета верзија, апликацијата сега е официјално лансирана како наследник на Premiere Rush, чија поддршка компанијата ќе ја прекине на 30 септември.
Андроид верзијата на Premiere доаѓа со уникатни кориснички интерфејси прилагодени како за стандардните телефони, така и за уредите со екран на преклоп. Апликацијата е бесплатна за користење и е достапна за преземање. Корисниците ќе можат бесплатно да ги користат основните алатки за монтажа, вклучувајќи и експорт на видеа во 4K резолуција без воден печат на нивните видеа.
