
Роџер Федерер смета дека Новак Ѓоковиќ и на 39 години останува сериозен кандидат за титулата на Ју-Ес Опен и за рекордниот 25. гренслем трофеј. Швајцарецот зборуваше за својот поранешен голем ривал на прес-конференција во Њујорк, во пресрет на неговото враќање на „Артур Еш“ за специјалниот егзибициски настан.
„Додека е во ждрепката, постои шанса“, порача Федерер, нагласувајќи дека има огромна почит кон Ѓоковиќ и дека низ годините многупати видел што може да направи Србинот на најголемите турнири.
Според Федерер, фактот што Ѓоковиќ сè уште настапува на највисоко ниво покажува дека и самиот верува оти може повторно да освои гренслем титула.
Швајцарецот го опиша поранешниот ривал како исклучителен играч и голем борец и рече дека е импресиониран од начинот на кој неговата игра се развивала низ годините. Федерер и Ѓоковиќ одиграа 50 официјални меѓусебни натпревари, а Србинот води со 27-23.
Ѓоковиќ во Њујорк ќе се обиде да стигне до 25. гренслем титула во кариерата. Неговите шанси дополнително се отворија откако светскиот број еден Јаник Синер се повлече поради повреда на коленото, додека Карлос Алкараз се враќа по проблемите со десниот зглоб.
Федерер се враќа на „Артур Еш“ по седум години: Егзибиција со Агаси, Мекинро и Родик [ВИДЕО]
Федерер, кој петпати го освојуваше Ју-Ес Опен, вечерва повторно ќе заигра на „Артур Еш“ во егзибиција со Енди Родик, Андре Агаси и Џон Мекинро.
Ј. Ѓ.



