Компанијата Anthropic во вторникот го претстави Claude Opus 5.5, нов модел на вештачка интелигенција кој нуди перформанси споредливи со нивниот највисок модел Fable 5.1, но чини 40 отсто помалку за користење во однос на неговиот претходник.
Лансирањето доаѓа во време на растечки дебати за ризиците од вештачката интелигенција, откако извршниот директор на компанијата, Дарио Амодеи, претходно овој месец повика на забавување на темпото на објавување нови модели поради безбедносни грижи. За да ги адресира овие грижи, Anthropic истакна дека Opus 5.5 поминал низ екстерно тестирање од независни групи за ВИ безбедност како Frontier Design и METR пред самото лансирање. Внатрешните тестови покажале дека е за 85 отсто помалку веројатно новиот модел да се обиде да ги заобиколи безбедносните граници во споредба со претходните модели Opus 5 или Mythos 5.1.
Убедливо поевтин од конкуренцијата
Според компанијата, Opus 5.5 го надминал ривалскиот модел GPT-5.6 Sol на OpenAI на тестовите за развој на софтвер, додека истовремено чини околу една третина од неговата цена за користење. Цената на новиот модел на Anthropic е 4 долари за еден милион влезни токени и 20 долари за еден милион излезни токени, што е за 20 отсто поевтино од Opus 5.
Моделот веќе е достапен на платформите Amazon Web Services, Google Cloud и Microsoft Azure.
Од Anthropic најавуваат дека во наредните недели ќе ги објават и помалите модели Claude Sonnet 5.5 и Claude Haiku 5.5, кои ќе ги донесат истите подобрувања во перформансите, брзината и безбедноста. Компанијата исто така ги проширува програмите преку кои им овозможува поголем пристап на проверени истражувачи во областа на сајбер безбедноста и биолошките науки.
Ј. Ѓ.










