ВЕСТИИМПУЛССТАВ
Во тренд

Зборувајте им на децата пред социјалните мрежи да им ја убијат емпатијата

Денис ЈАНКУЛОСКИ

Зборувајте со децата, кажувајте им дека видео во кое

– некој ќе се лизне пред да скокне во базен и падне на плочките со брадата

– скејтер кога ќе се лизне и удри со лицето на скалите

– коњ со задните нозе удри човек и го летне 5 метра

– во некое друштво еден од нив му фрли лубеница на јајцата на другиот и се кине од смеење а другиов не знае од болка кај е

– да му плеснеш на детето јајце од глава затоа што други прават

– ако излета некој од кола во движење и со лицето удри во вратата

– ако некој е малтретиран, повредуван, тепан а ти снимаш и се смееш

и уште мал милион слични вакви, кажете им дека ова НЕ се FUNNY видеа туку видеа во кои има болка а притоа не знаеш како завршило тоа, најмалку во болница, шиење, операции лесни па и потешки, инвалидитет мал или поголем. Не може да е смешно нешто што предизвикува болка некому а уште помалку да е тренд а токму тоа го прават социјалните мрежи , наметнуваат и навлекуваат.

Сè започна со она никаквоно Jackass каде токму болката се претставуваше како скеч, виц, шега, заебанција 🤬 од тогаш наваму се измести перцепција за смешно, интересно, болно, се одомаќини снимање на сè и сешто за споделувања, лајкови и хаха смајлиња. Не може нечија болка да предизвика насмевка… всушност НЕ СМЕЕ, иако реалноста покажува дека може, за жал. Се наметна дека тоа пали, тоа го сакаат/слушаат/гледаат младите зошто биле некоја латинична буква генерација а ние сме биле друга буква.

Што би рекле во “Маратонците” – Ајдееееее. Перцепцијата за смешно и болно секогаш ќе е иста, та била икс, ипсилон или чкљ генерација.

Кажувајте им дека мобилен телефон е ТЕЛЕФОН, камерата може и треба на друг начин да се користи а кога ќе наидат на ситуација каде треба да реагираат (помогнат, разделат, викнат брза помош или полиција) прва помисла да им е токму ова во заградата а НЕ камерата.

Back to top button