ВЕСТИПОЛИТИКА

(ФОТО) Филипче од маршот во Прилеп: Антифашизмот е наш темел, денес водиме демократска борба против криминалот и неправдата

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е наследник на државотворните и вредносните политики на партизаните и на антифашистичката борба, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот марш во Прилеп по повод државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание, кој се одржа под слоганот „Непокор. Борба. Иднина – 85 години антифашизам“.

​Филипче истакна дека историската борба за слобода денес продолжува преку демократска борба против криминалот, корупцијата и политиките кои го поткопуваат достоинството на граѓаните. Според него, партијата има историска улога да се спротивстави на неправдата и на актуелната власт, која ја обвини за криминал, грабеж и изолација, со цел државата повторно да се врати во служба на народот.

​Лидерот на опозицијата нагласи дека оваа улога бара храброст, истрајност и одговорност. Тој порача дека СДСМ ја има потребната решителност, а силата ја црпи од народот, додавајќи дека денешната битка се води исклучиво со демократски средства – со вистината, преку јавниот збор, во Собранието и преку гласот на граѓаните.

Поврзани вести

Back to top button