ВЕСТИПОЛИТИКА

Петрушевски: Филипче и Заев да одговорат дали стојат зад внесот на 110 милиони евра од Венецуела

Заменик-генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција ги повика поранешниот премиер Зоран Заев и актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, јавно и недвосмислено да одговорат дали знаеле или имале улога во трансакции на 110 милиони евра од Венецуела во Македонија.

Според Петрушевски, овие трансакции биле реализирани во 2019 година преку „Еуростандард банка“, во период кога Заев ја предводеше Владата, а Филипче беше министер. Тој посочи дека станува збор за сомнителни средства од Венецуела, држава која тогаш се наоѓаше под строги меѓународни санкции.

Пратеникот на владејачката партија истакна и дека трансакциите поминувале низ или стигнувале до земји како Русија, Белорусија и Србија.

„Каде се Филипче и Заев, таму има руски, белоруски и српски влијанија. Затоа кај СДС работи Фројд, мислат дека сите имаат задни намери како што имаа тие“, изјави Петрушевски во своето обраќање.

На крајот, тој направи паралела меѓу претходната и актуелната власт во однос на финансискиот сектор, порачувајќи дека денешната Влада ги заштитува банките и штедачите, наместо да ги банкротира или да им ги ускратува средствата. „Тоа е главната разлика. Не сме сите исти“, заклучи Петрушевски.

Поврзани вести

Back to top button