Променливо облачно време со повремен дожд утре во Македонија, во Скопје до 14 степени
Македонија утре ја очекува променливо облачно време со повремени сончеви периоди и локални врнежи од дожд, кои најпрво ќе ги зафатат западните делови од земјата, а попладне и кон крајот на денот ќе се прошират и во останатите региони.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во одделни котлини можна е и појава на утринска магла.
Во Скопје се очекува променливо облачно време, со повремени сончеви периоди во текот на денот. Попладне и во вечерните часови се очекуваат врнежи од дожд, а ветерот ќе биде слаб до умерен, од јужен правец.
Tемпературата во главниот град ќе се движи од утрински околу 6 до максимални 14 степени Целзиусови.
За целата земја се прогнозираат минимални температури од 4 до 10 степени, додека дневните максимални ќе достигнат од 11 до 17 степени.
Променливото време ќе продолжи и во наредните денови, но од вторник се очекуваат повеќе сончеви периоди и постепен пораст на дневните температури.

