OpenAI на го претстави ChatGPT Images 2.6, нова верзија на системот за генерирање и уредување слики, која носи можност за создавање анимирани GIF-содржини, зачувување референтни фотографии и поголема доследност на визуелните детали при повеќекратно уредување.
Една од најзначајните новини е можноста за генерирање анимирани GIF-ови директно во ChatGPT. Корисниците можат да опишат каква анимација сакаат да создадат или да прикачат постоечка фотографија, скица или цртеж и да побараат од системот да ги претвори во кратка анимација што може да се повторува во циклус.
Меѓу можностите се создавање анимирани ликови, маскоти за брендови, визуелни реакции и содржини за социјалните мрежи. Корисниците можат да ја приспособуваат брзината на репродукција, да ги уредуваат кадрите и да ги споделуваат готовите GIF-анимации. Функцијата постепено се активира во ChatGPT.
Втората значајна новина е опцијата за зачувување референтни слики (Saved Reference Images). Таа овозможува фотографија од одреден лик, домашно милениче или друг визуелен мотив да се зачува за повторна употреба во идните разговори.
На пример, корисникот може да зачува фотографија од свој лик под одредено име, а потоа да побара од ChatGPT да го прикаже истиот лик во различни ситуации, стилови и визуелни композиции, без повторно да ја прикачува оригиналната фотографија.
Ова е особено корисно за креаторите на содржини, дизајнерите и медиумите кои сакаат да одржат визуелна доследност на сопствените аватари, илустрирани ликови или маскоти низ повеќе објави.
OpenAI соопшти и дека Images 2.6 генерира слики 50 проценти побрзо во споредба со претходната верзија, со подобрено зачувување на деталите при последователни измени. Тоа значи дека при промена на позадината, облеката или други елементи, системот полесно ги задржува препознатливите карактеристики на главниот лик или објект.
Новитети има и за програмерите. Во API се достапни два модели – GPT-Image-2.6 Flare и GPT-Image-2.6 Sunburst. Flare е оптимизиран за побрзо генерирање, а при ниско ниво на квалитет може да создаде слика за само шест секунди. Sunburst е наменет за посложени задачи, повисок квалитет и поголема доследност при уредувањето.
API-верзијата носи и можност за генерирање SVG-графики, погодни за употреба на веб-страници и во апликации, како и уредување слики со означување на конкретни делови врз кои треба да се направат промени.
ChatGPT Images 2.6 е достапен глобално во ChatGPT и Codex, на веб, десктоп и мобилни уреди, за корисниците на сите претплатнички нивоа. Двата нови модели за програмери се достапни преку API.

