
Пратеникот и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, во објава на социјалните мрежи реагираше на денешните случувања во Собранието, обвинувајќи ја опозицијата дека намерно ја саботирала седницата посветена на пратенички прашања.
Според Сајкоски, фактот што опозициските пратеници не сакале да започнат со поставување пратенички прашања кон извршната власт претставува сериозен преседан во демократијата.
„Денес бевме сведоци дека опозицијата не сакаше да се започнат опозиционите пратенички прашања. Ова навистина претставува преседан во демократијата – опозиција да ги саботира пратеничките прашања“, истакна Сајкоски во изјавата.
Тој додаде дека ваквото однесување на опозициските пратеници не се случува првпат, заклучувајќи дека причината за тоа е нивниот страв од вистината.










