ВЕСТИМАГАЗИНМАКЕДОНИЈАСПОРТ

Анастасија Палчевска освои бронза на Светското првенство во хип-хоп во Полска

Младата македонска танчерка Анастасија Палчевска го освои третото место во категоријата „All Styles Battles Junior 1“ на Светското првенство во Киелце.

Македонската танчерка Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во хип-хоп и попинг, кое се одржа во Киелце, Полска.

Таа го освои третото место во натпреварувачката категорија „All Styles Battles Junior 1“, позиционирајќи се меѓу најдобрите натпреварувачи во својата возраст на светско ниво.

„Палчевска го освои третото место во категоријата ‘Битка на сите стилови – јуниори 1 (All Styles Battles Junior 1)’, запишувајќи значаен резултат за Македонија. Со тоа, таа се вброи меѓу најдобрите натпреварувачи во својата категорија на светско ниво. Со својот талент, посветеност и танцови вештини, Анастасија успеа да се искачи на светскиот подиум и гордо да го развее македонското знаме, остварувајќи резултат што претставува успех не само за неа, туку и за македонската танцова сцена. Овој медал е уште една потврда дека Македонија има млади таленти кои со својата работа, упорност и љубов кон танцот можат рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите во светот“, се вели во соопштението.

Back to top button