ВЕСТИСПОРТСЦЕНА
Во тренд

Документарен филм за маратонецот Дарио Ивановски „Повторно роден“ [ВИДЕО]

Во пресрет на утрешното 22. издание на „Виз Ер Скопскиот маратон“, промовиран е документарниот филм „Повторно роден“ кој го следи патот на еден од најуспешните македонски атлетичари и олимпијци, Дарио Ивановски, соопштуваат креаторите на филмот.

Една година по неговата победа на Скопскиот маратон, документарецот ги прикажува почетоците на Ивановски во атлетиката, клучните моменти од неговата кариера и неодамнешниот настап на Олимписките игри. За животниот пат на македонскиот атлетичар зборуваат неговиот тренер, блиските соработници и луѓе од организацијата на маратонот кои го следат неговиот развој.

Нивните сведоштва откриваат досега непознати детали за спортистот, но и за човекот зад постигнатите резултати. Самиот Ивановски во филмот отворено говори за својата одлука да се посвети на маратонското трчање, истакнувајќи дека тоа за него одамна не претставува само трка со времето, туку стил на живот исполнет со тренинзи, одрекувања, падови и подеми.

„Верувам дека додека сум жив, јас ќе трчам. Додека сум жив, ќе уживам во секој мој километар изминат. А, тоа е да бидам маратонец. Еден ден кога ќе се пензионирам, ќе се пензионирам како победник на Скопски маратон и како олимпиец“, категорично порачува Ивановски во документарниот филм.

Back to top button