
Кристина КОСТОВА
Добро сино утро!
Синокалипса го погоди трампизмот.
Историски победи за демократите на многу нивоа:
– Силно мнозинство во двата дома, со 255 конгресмени и 53 сенатори.
– Син Тексас – сенатор демократ (последен пат имале пред 38 години) и гувернерка демократка (последен пат пред 35 години).
– Јужна Каролина – сенаторка демократка (последен пат пред 28 години).
– Канзас – гувернер демократ, последен пат пред 94 години! Итн., итн., итн.
Силен шамар за расисти, исламофоби, хомофоби и трансфоби, и тоа во Мичиген, Џорџија, Њу Хемпшир…
Има многу лекции кои може да се научат од синоќешната победа на демократите: политика на поделби и кавги не проаѓа, исто како што не проаѓаат шурувања со олигарси и бесмислени војни.
Не проаѓаат ниту млитави и корумпирани политичари, со „минат труд“ во криминал и злоупотреба на власта.
Американците синоќа гласаа за подобар животен стандард, но и против енормните нивоа на корупција, осиромашување на народот, а богатење на елитата, против непристојноста, вулгарноста и дрскоста.
Гласаа за добри, квалитетни кандидати, кои знаат ефективно и умешно да ја пренесат својата порака до масите, кои се морално неизвалкани, кои се нови, а не дел од претходниот демократски естаблишмент.
Според мене, најважна е лекцијата од Охајо, каде победи демократката Ејми Ектон, чиј противкандидат во трката за гувернер беше милијардерот Вивек Рамасвамеј.
Милијардерот Вивек беше силно поддржан од Трамп, Венс, Маск и целата елитистичка клика, имаше скапа кампања.
Но, тешко му одеше, па затоа пред неколку недели наместо да се дистанцира од Трамп, како што тоа го правеа најголем дел од републиканските кандидати годинава, Вивек одлучи да го имитира Трамп. Употреби навистина гнасна реклама, во која ја обвини Ектон дека како дете лажела дека била сексуално злоставувана од страна на нејзиниот очув (за што има и судски записи кои го потврдуваат злосторството).
Милијардерот Вивек користеше толку ниски удари, толку вулгарни и гнасни зборови, а Џеј Ди Венс не само што ги користеше истите, туку и јавно ги превоспитуваше малкутемина републиканци кои се осмелија (благо) да ја осудат ваквата постапка.
Ејми Ектон го порази милијардерот, го порази гнасниот речник на навреди, поделби и кавги!
И тука лежи најскапоцената лекција за нас – пристојното, достоинствено, човечко однесување е сѐ уште на цена, сѐ уште вреди.
Обидите да се имитира Трамп повеќе не успеваат.
Обичните, чесни луѓе се инспирираат и се мотивираат да гласаат за човечност и достоинство, а не за безобразлук.
Обединети, а не раскарани.
Достоинствени, а не вулгарни.
Со јасна порака и конкретни ветувања за обичниот, работнички народ.
На страна на народот, не на олигарсите.
Со квалитетни кандидати кои имаат и етос, и логос, и патос.
Само така можеме да победиме!










