ВЕСТИЕКОНОМИЈАПОЛИТИКА

Николоски: Според Светска банка, Македонија е лидер во Европа и Централна Азија по раст на авиолетови и туризам

Македонија бележи рекордна статистика во растот на туризмот и авиосообраќајот, со остварен раст од 40 отсто на годишно ниво, со што е препознаена од Светска банка како држава со најголем раст на патници пристигнати преку авиолинии во регионот на Европа и Централна Азија, соопшти министерот за транспорт и потпретседател на Владата, Александар Николоски.

Како што истакнува Николоски, овој исклучителен успех е постигнат во услови на светска криза, а резултатите се потврдени и преку успешната работа на охридскиот аеродром, кој само во еден ден опслужил рекордно преку 3.000 патници.

Субвенционирањето на нови линии и нови инвестиции

Според потпретседателот на Владата, ваквите резултати се плод на мерката за субвенционирање на нови авиолинии, со што државата е позиционирана на врвот во привлекувањето туристи и поттикнувањето на економијата.

„Овие успеси се потврдуваат и преку работата на охридскиот аеродром каде само во еден ден опслужени се рекордно преку 3 илјади патници, што за аеродром од овој тип е огромен успех. Продолжуваме во следниот период со уште повеќе инвестиции во авиосообраќајот и туризмот“, порачува министерот Николоски.

Back to top button