ВЕСТИИМПУЛССПОРТ
Во тренд

Јирген Клоп е нов селектор на Германија

Јирген Клоп и официјално се враќа на тренерската клупа и тоа како нов селектор на фудбалската репрезентација на Германија, потврдија од Германската фудбалска федерација (DFB), пренесуваaт светските медиуми.

Поранешниот менаџер на Ливерпул го презема националниот тим на местото на Јулијан Нагелсман, кој поднесе оставка по катастрофалниот настап на Светското првенство и испаѓањето уште во шеснаесеттина-финалето по поразот на пенали од Парагвај.

Договор до Светското првенство во 2030 година

Клоп и раководството на DFB ги договориле сите клучни детали за време на преговорите во Њујорк, по што следуваше и официјално потпишување на договорот кој ќе има важност до Мундијалот во 2030 година.

Со ова завршува неговиот ангажман како глобален шеф на фудбалскиот сектор во „Ред Бул“ (позиција што ја извршуваше од јануари 2025 година), каде што имаше специјална излезна клаузула креирана токму за потенцијален повик од германската репрезентација.

„Свесен сум дека кога се дискутира за селекторската функција во Германија, моето име секогаш се спомнува во некоја форма“, изјави претходно Клоп, кој за време на Светското првенство во САД, Канада и Мексико работеше и како стручен аналитичар.

Крај на деценијата на лутање за „Панцерите“

По заминувањето од Ливерпул во 2024 година, каде што за девет години ги освои сите најважни трофеи (вклучително Премиер лигата и Лигата на шампионите), Клоп одмараше од директната тренерска работа.

Германија се наоѓа во сериозна криза на резултати и идентитет по уште еден неуспешен мундијалски циклус, а назначувањето на 59-годишниот трофеен стручњак се смета за последна можност за враќање на германскиот фудбал на самиот светски врв.

Ј. Ѓ.

Back to top button