
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта лоцирани на Скопското кале. Според него, тврдината е еден од многуте локалитети што треба да се средат, со цел конечно да го добие ликот и функционалноста што ја заслужува, соопштубаат од Владата.
Мицкоски нагласи дека се успешно надминати предизвиците поврзани со големиот проект „Скопје – европска престолнина на културата“. Тој изрази очекување дека по завршувањето на сите планирани активности, главниот град ќе добие исклучително квалитетен објект кој ќе претставува важна и ретка туристичка атракција за посетителите.
Премиерот категорично порача дека Владата и финансиски и логистички цврсто ќе застане зад надлежните институции за реализација на овој зафат. Клучната цел, како што истакна тој, е Скопското кале повторно да блесне и да биде суштински дел од културната понуда на Скопје како идна европска престолнина на културата.
