ВЕСТИПОЛИТИКА

ДУИ до ВЛЕН: „Алта банка“ е ваше копиле, не го оставајте пред туѓа врата

Демократската унија за интеграција (ДУИ) упати остра реакција до владејачката коалиција ВЛЕН, обвинувајќи ги дека се обидуваат да го пренасочат вниманието на јавноста од нивната одговорност за влезот на српската „Алта банка“ на македонскиот пазар и купувањето на Стопанска банка – Битола.

Од ДУИ ги отфрлаат обвинувањата од ВЛЕН поврзани со продажбата на акции во 2023 година, нарекувајќи ги „банални спинови и манипулации“. Тие посочуваат дека никој во 2023 година не можел да знае дека во 2025 година актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН ќе ја потпише одлуката за продажба на банката на белградската финансиска институција.

„Функционерите на ВМРО од ВЛЕН се однесуваат токму како во народната поговорка: ‘Крадецот вика: држете го крадецот!’. Самите ѝ ја отворија вратата на ‘Алта банка’, самите ги потпишаа и ги заверија одлуките, а сега излегуваат и ги обвинуваат другите. Откако ја завршија работата, сакаат да си ги измијат рацете. Но, лицето не се мие со валкана вода“, се наведува во соопштението на ДУИ.

Интегративците прашуваат како е можно институциите со кои сега раководи ВЛЕН да го дозволат овој влез доколку, како што тврдат, ДУИ стои зад тоа. Притоа потсетуваат дека тие навреме предупредувале за сомнителните врски на оваа банка со т.н. „Српски свет“ – опасност за која, според нив, предупредил и Европскиот парламент.

„Оваа влада, со Стоилковиќ во своите редови и со политичката блискост со Додик, му го отвора патот токму на тоа влијание. Не можете да бидете во владата кога се дели колачот, а да се претворате во опозиција кога треба да се понесе одговорност. Вие ги донесовте одлуките, вие ги ставивте потписите. ‘Алта банка’ е вашето копиле и не можете да го оставите пред туѓа врата!“, децидни се од ДУИ во својата реакција.

Поврзани вести

Back to top button