ВЕСТИДИГИТАЛИМПУЛСКОСМОС

Кичево доби нов телескоп: Мартина Димоска најави астрономски спектакл за време на Персеидите

Градот Кичево добива нов висококвалитетен телескоп наменет за астрономска едукација, јавни набљудувања и активности за заедницата, благодарение на соработката меѓу компанијата „Bresser“ и Меѓународната вселенска алијанса (ISA). Оваа значајна донација ја објави нашата позната аналогна астронаутка и професионалец во вселенскиот сектор, Мартина Димоска.

Премиерното претставување на телескопот пред заедницата е закажано за вечерва на локацијата Крушино, преку посебна активност за набљудување организирана заедно со Извидничкиот одред „Мирко Милески“. Димоска истакнува дека моментот е исклучително симболичен бидејќи се поклопува со делумното сончево затемнување видливо од нашата држава, како и со врвот на метеорскиот дожд Персеиди, што го прави овој настан вистински празник за астрономијата.

Волонтерката на Мировниот корпус во Македонија, Кејт Фаган, и Наташа Спироска од кичевскиот огранок на ISA, со поддршка од меѓународните активности на членовите на ISA од САД, Мартина Димоска и Боби Софронијоски, ќе работат директно со телескопот и извидниците. Според Димоска, ова е важен чекор кон создавање можности за младите и пошироката заедница да ги истражуваат науката и вселената.

Новиот телескоп „BRESSER Messier AR-102L/1350“ е ахроматски рефрактор кој е особено погоден за набљудување на Месечината, планетите и други светли небесни објекти. Неговите главни спецификации вклучуваат:

  • Оптика: Дијаметар на леќата од 102 mm и фокусна должина од 1.350 mm (фокусен однос f/13.2).

  • Механика: Екваторијална монтажа EXOS-1 и стабилен статив од нерѓосувачки челик.

  • Додатоци: 6×30 оптички пронаоѓач со нишан и прецизен Hexafoc фокусер.

  • Модерни функции: Адаптер за паметен телефон за небесна навигација и соларен филтер за безбедно набљудување на Сонцето.

Димоска упати и огромна благодарност до компанијата „Bresser“ за поддршката на нивната мисија и за придонесот вселената да се донесе поблиску до Кичево.

Back to top button