Холивудската актерка Сидни Свини ги шокираше и воодушеви своите милионски следбеници откако објави видео од екстремна акробација во воздух, испраќајќи му хумористично предупредување на кралот на филмските каскади, Том Круз.
28-годишната ѕвезда од серијата „Euphoria“ на Инстаграм сподели снимка на која е врзана за горниот дел од крило на двокрилец додека леталото изведува драматични лупинзи и се врти наопаку илјадници метри над земјата (т.н. wing walking).
View this post on Instagram
Опремена со црвен заштитен елек и очила, Свини изгледаше неверојатно смирено додека авионот се превртуваше во воздух. Во описот на видеото, таа кратко напиша:
„Чувај се, Том Круз“ (Watch out, Tom Cruise).
Оваа шега е директна референца на акциониот ветеран Том Круз, познат по тоа што сам ги изведува најопасните филмски сцени, вклучувајќи го и стоењето на крило на авион во франшизата „Mission: Impossible“.
Објавата веднаш привлече внимание кај холивудските колеги и фановите, а меѓу коментарите се огласи и официјалниот профил на филмот „Top Gun“ со познатата реплика: „Ја чувствуваш потребата за брзина“ (Feel the need for speed).
Свини во последно време сè почесто покажува интерес за физички предизвикувачки и адреналински потфати, комбинирајќи ги со улоги во акциони трилери и интензивни тренинзи.
А. Ѓ.


