ВЕСТИМАГАЗИНТРЕНД

Синди Крафорд за првпат се сретна со синот на нејзиниот поранешен сопруг Ричард Гир [ВИДЕО]

Речиси 40 години откако Синди Крафорд и Ричард Гир беа една од најиконичните двојки во раните деведесетти години од минатиот век, нивните деца сега играат заедно во серијата на FX, „The Shards“. Каја Гербер (25), ќерката на Крафорд, и Хомер Гир (26), синот на Ричард Гир, се дел од актерската екипа во тинејџерската драма за сериски убиец во режија на Рајан Марфи, пренесува американската телевизиска емисија „Тудеј“ (TODAY).

Децата на Ричард Гир и Синди Крафорд глумат заедно, децении по разводот на нивните родители [ВИДЕО]

Во гостувањето во емисијата, 60-годишната супермоделка сподели како изгледало да ги гледа двајцата млади актери како работат заедно и откри дека токму на снимањето за првпат се запознала со Хомер, кој е син на Ричард Гир од бракот со актерката Кери Ловел. „Никогаш претходно не го бев запознала Хомер. Се сретнавме додека снимаа. Тој е прекрасен, а Каја уживаше во соработката со него“, изјави Крафорд. Младите актери неодамна позираа заедно и за насловната страница на септемвриското издание на списанието „Вог“, правејќи своевиден полноправен круг со нивните родители, кои исто така беа на насловната на овој магазин во 1992 година, три години пред нивниот развод.

Осврнувајќи се на етикетата „непо бебиња“ која често им се припишува на децата на познатите личности, Крафорд истакна дека двајцата ја разбираат ситуацијата и притисокот, но истовремено напорно работат на своите кариери. Гербер, која започна со манекенство уште на 13 години, во интервју за „Вог“ признава дека славата за неа е нешто со кое е родена, за разлика од Хомер чие детство било далеку поанонимно.

Тој својата прва професионална улога ја имаше дури на почетокот на оваа година, појавувајќи се во последната сезона на хит-серијата „Еуфорија“. Според зборовите на Хомер, по само 20 минути познанство со Каја на сетот на „The Shards“, тие отворено го споменале фактот дека нивните родители некогаш биле во брак и едноставно продолжиле понатаму со работата.

Back to top button