ВЕСТИИМПУЛССЦЕНАТРЕНД

Децата на Ричард Гир и Синди Крафорд глумат заедно, децении по разводот на нивните родители [ВИДЕО]

Повеќе од 30 години откако заврши бракот на актерот Ричард Гир и супермоделот Синди Крафорд, двете нивни деца од подоцнежните врски работат заедно на ист проект.

Зборувајќи за „Е! Њуз“ (E! News) на црвениот тепих на премиерата на новата серија на FX, „The Shards“, во Њујорк, Хомер Гир и Каја Гербер споделија искуства за нивната соработка, додавајќи ново интересно поглавје во холивудската историја.

„Навистина е смешно“, изјави 26-годишниот Хомер, син на Ричард Гир и неговата втора сопруга, актерката и модел Кери Лоуел. „Не се познававме пред снимањето. Се запознавме во еден бар со остатокот од актерската екипа две недели претходно и станавме пријатели.“

Каја Гербер (24), ќерка на Синди Крафорд и бизнисменот Ренди Гербер, на прашањето од новинарите дали го познавала Хомер претходно поради врската на нивните родители, на шега одговори: „Каква врска?“.

Ричард Гир и Синди Крафорд стапија во брак во 1991 година, а се разведоа четири години подоцна.

За време на снимањето, помладиот Гир покажал одлична смисла за хумор. „Тој е многу смешен“, изјави Гербер. „Ме смее до солзи и тој е најдобриот партнер за сцена на сите времиња.“

Серијата „The Shards“ е само втор голем актерски проект за Хомер по хит-серијата „Еуфорија“ (Euphoria). Тој откри дека сè уште редовно му се јавува на својот славен татко за совети околу актерската професија.

„Не е како да му испраќам сцена и да го прашувам: ‘Како би го извел ова?’. Повеќе се работи за тоа како да се однесуваш на сетот, како да направиш оваа кариера да работи за тебе на корисен начин и да го дадеш најдоброто од себе“, истакна тој. „Му се јавувам речиси секој ден кога сум на снимање, тој навистина е непроценлив ресурс за мене. Навистина е посебно да го имам на моја страна.“

Back to top button