ВЕСТИПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче преку испостави бараат маркици за дата-центри

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека поранешниот премиер Зоран Заев и актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, преку нивни испостави се обидуваат да дојдат до маркици за изградба на дата-центри, споредувајќи го тоа со начинот на кој се доделувале лиценците за марихуана.

Од партијата посочуваат дека Драги Ѓорѓиев, поранешен пратеник од редовите на СДСМ во периодот од 2002 до 2006 година, е човекот кој стои зад иницијативата за изградба на дата-центар во Пехчево. Според тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓиев е испостава на Заев и Филипче. Од владејачката партија обвинуваат дека додека Филипче јавно води кампања против дата-центрите, луѓе блиски до него поднесуваат иницијативи и бараат дозволи за нивна изградба.

Во соопштението се нагласува дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен и дека дата-центри треба да има, но тие мора да бидат изградени по сите стандарди и строго надвор од населени места. Од партијата додаваат дека оправданоста за ваквите проекти мора да биде силна, да влијае на развојот на локалната заедница и да носи голем бенефит за општеството, обвинувајќи ги кадрите на СДСМ дека го прават токму спротивното. На крајот, од партијата му порачаа на Филипче следниот пат кога ќе пушта пробни балони и ќе крои политика од јахта, за тоа да ги извести своите соработници.

Поврзани вести

Back to top button