ВЕСТИИМПУЛССТАВ

Ништо не може да ги шокира луѓето кои за партија можат да трпат и за леб

Слободан ТРЕНДАФИЛОВ

Ништо не може да ги шокира луѓето кои за партија можат да трпат и за леб …

Додека тие, политичарите со плата од 120.000 денари Ви викаат дека не може да се зголеми минималната плата затоа што ќе предизвика зголемување на цените, па така минималната плата пониска не може да биде, во меѓувреме овие со плата до 30.000 денари се потепаа да ги бранат политичарите што не ја зголемуваат минималната плата и да не напаѓаат нас што се бориме за зголемување на мининалната плата ( како кај сме нашле сега да бараме и да и правиме стресови на Владата, па кај сме биле пред 7 години да бараме, итн), цените растат не на мала, туку на голема врата.

„Бранот на поскапувања доаѓа пред почетокот на зимата, за кога се најавени и поскапувања на електричната енергија и парното“, пишува во објавата.

Само што, наместо бран, ова веќе личи на ЦУНАМИ!

Додека работниците се кошкаат меѓусебе за ,,нашите” и ,,вашите”, бизнисот знае како треба, прво зголемуваш цени на своите производи само на најавата за зголемување на цените на електричната енергија , парното и нафтата, па после зголемуваш цени од кога ќе се зголемат цените на електричната енергија , парното и нафтата.

Па така, цената автобускиот билет се зголеми по 50 денари во правец од Тетово, Куманово и Велес за Скопје, нафтата отиде над 100 денари, во најава покачување ма цената на струјата, сега ќе се покачи цената на лебот, јајцата и што уште не, вредноста на Синдикалната минимална кошница само за храна и пијалоци надмина една 26.046 денари или една минимална плата, ама за тоа народот има занимација, уште се докажува кои биле наши кои биле нивни.

Мислам дека нема ништо достоинствено во тоа да ги гледаш паричникот и фриждерот празни, а да ги слушаш политичари како ти е добро и како сам си крив зошто ти е мала платата.

Никој не ви е крив што не сте пратеници, а сакате пратеничка плата ( рече една пратеничка).

На следниот протест за зголемување на вашата плата пак седете дома, на топло и не таласајте многу, а на следниот митинг, сендвич во рака, во автобус и уште посилно аплаудирајте, затоа што важно е вие да сте тука за нив, тие за вас немора…

Back to top button