ВЕСТИИМПУЛСМАГАЗИНТРЕНД

Нов удар за принцот Хари: Уганда се повлекува од Инвиктус игрите во знак на лојалност кон кралот Чарлс

Принцот Хари претрпе уште еден удар откако Уганда се повлече од неговите Инвиктус игри (Invictus Games) закажани за 2027 година, во знак на лојалност кон кралот Чарлс Трети. Ова доаѓа само два дена откако британскиот монарх го разјасни кралскиот статус на Хари и Меган Маркл по нивното неодамнешно враќање во Велика Британија, пренесува „Пејџ Сикс“ (Page Six).

Кралот Чарлс: Хари и Меган остануваат приватни граѓани без кралски обврски

Генералот Мухози Каинеругаба, началник на одбрамбените сили на земјата и син на угандскиот претседател, ја објави одлуката преку мрежата Икс. „За да не се сфати дека сме против Неговото Височество кралот Чарлс Трети, кого длабоко го почитуваме, Уганда се повлекува од Инвиктус игрите. Нема да учествуваме во ништо што нема одобрување од Неговото Височество“, напиша Каинеругаба.

Во изјава за британски „Тајмс“, воениот лидер беше уште поостар, додавајќи дека морал веднаш да ја потисне поддршката за, како што ја нарече, „бесмислицата на Хари и Меган“ во неговото министерство, нагласувајќи дека тој цврсто го поддржува монархот. Уганда во јули оваа година беше свечено претставена како 26-та нација во заедницата на Инвиктус, меѓународен спортски настан наменет за повредени и болни воени лица.

Овој развој на настаните на меѓународно ниво следи веднаш откако кралот Чарлс преку официјално писмо потврди дека Хари и Меган остануваат членови на кралското семејство кои не извршуваат официјални должности. Во писмото се нагласува дека тие повеќе не можат да се ословуваат со титулите Негово и Нејзино Кралско Височество и дефинитивно се потврдува дека тие се исклучиво „приватни граѓани со комерцијални и хуманитарни интереси“.

Двојката, која се повлече од кралските должности во 2020 година и се пресели во Калифорнија, минатиот месец се врати во Англија со своите две деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет.

Back to top button